Најбогатите луѓе на светот на крајот на 2020 година – Бафет испадна од топ 5

153

Крајот на годината е време кога се повлекува границата на успехот и кога меѓу најбогатите луѓе појасно се гледа кои можат да бидат повеќе, а кои помалку задоволни од бурниот период годинава обележан со пандемијата Ковид 19.

Порталот Investitor ги прегледа најновите достапни податоци за нивниот имот, обработени од Forbes и дојде до следната листа.

Основачот на Amazon, Џеф Безос влегува во декември 2020 година како најбогат човек на светот, со лично богатство проценето на 186,5 милијарди долари.

На второ место е Французинот Бернард Арно со своето семејство, чие богатство се проценува на 142,8 милијарди долари, а го следи сè побогатиот Американец, основачот на Tesla, Илон Маск, кој значително ги зголеми своите средства во ноември, и сега има богатство вредно 132,1 милијарди долари.

На четвртото место е Бил Гејтс, коосновач на Microsoft и филантроп, со богатство од 119,3 милијарди долари, на петтото место е основачот на Facebook, Марк Цукерберг со богатство од 102 милијарди долари. Со петтото место завршува и списокот на најбогати луѓе чие богатство ја надминува вредноста од 100 милијарди долари.

Оваа година ќе ја памети и славниот инвеститор Ворен Бафет, кој ја зазеде шестата позиција со имот вреден 87,4 милијарди долари, а меѓу првите 10 се и Лери Елисон (78,9 милијарди долари), Лери Пејџ (78,7 милијарди), Амансио Ортега (76,9 милијарди долари) и Сергеј Брин (76,5 милијарди долари).

Скалата на милијардери на Forbes ги следи дневните подеми и падови на најбогатите луѓе во светот во реално време.

Фото: Pixabay