Францускиот синџир на супермаркети, Carrefour планира следната година да вработи 15.000 млади работници во Франција. Секој втор од вработените би требало да биде од сиромашни семејства, најави директорот на компанијата, Александре Бомпард.
“На пазарот на труд има околу 750.000 млади годишно. Секогаш им е тешко да пронајдат место за работа. Оваа година, особено за “ковид генерацијата“ е многу тешка. Вратите се затворени бидејќи компаниите се соочуваат со потешкотии“, рекол Бомпард, мислејќи на работници помлади од 25 години.
Според него, следната година компанијата ќе вработи 15.000 млади луѓе, што е за 50% повеќе од вообичаено. Понудените вработувања подразбираат и долгорочни договори и пракса.
Carrefour вработува 321.000 лица ширум светот, од коишто една третина се во Франција.
Фото: Freepik