Apple ќе го зголеми производството на iPhone за 30 %

146

Apple планира да го зголеми производството на iPhone за скоро 30% на 96 милиони единици во првата половина на 2021 година, објави јапонскиот финансиски дневен весник Nikkei, што предизвика нов скок на акциите на технолошкиот гигант.

Повикувајќи се на неименувани извори, Nikkei наведува дека компанијата побарала од добавувачите да произведат околу 95 до 96 милиони iPhone телефони, вклучувајќи ги најновиот iPhone 12, како и постарите модели на iPhone 11, пренесува Ројтерс.

Телефоните учествуваат со нешто повеќе од 40% од приходите.

Фото: Pexels