Научници од Малезија осмислија начин на изработка на дронови од остатоци од ананас. Тие од листовите на ананасот произведуваат материјал што лесно може да се користи како рамка за малите летала, пренесува Ројтерс.
Првично, научниците сакале да пронајдат корисен начин за повторна употреба на големата количина на отпад од ова овошје што го создаваат земјоделците.
Со испитување на својствата на листот од ананасот откриле дека од него можат да направат материјал што е доволно цврст за изработка на рамка за дронови, коишто се полесни и посилни од оние што се прават од вештачки материјали. Нивна голема предност се и ниските трошоци за производство, но и тоа што со одлагањето на овие летала не се прави голема штета врз околината.
Доколку дрон направен од листови од ананас се оштети, неговата рамка може да биде одложена во земјата и да се разгради за само две недели.
Иако лесно се распаѓа во земја, дронот кога е во воздух може да достигне висина од километар и да остане во воздух околу 20 минути.
Фото: Freepik