Удобен живот: Листа на земји каде трошоците се многу евтини

114

Коронавирусот им донесе големи промени на многумина, и некои се одлучуваат да го продолжат својот живот на ново место кога сè ќе заврши.

Порталот International Living редовно објавува список на земји во кои е добро да се троши пензија, имајќи ги во предвид трошоците за живот, климата и здравствената заштита.

Овој пат магазинот Forbes ја претстави листата како многу добар предлог земји за секој што некогаш размислувал да се пресели во држава каде трошоците за живот се многу евтини.

Малта

Како што пишува Forbes, во срцето на Медитеранот, Малта нуди еден од најквалитетните стилови на живот во Европа.

Една од најдобрите причини да се живее тука е локацијата. Сместено е јужно од Италија и северно од Тунис, а местата како Грција, Турција, Израел, Египет, Мароко, Шпанија и Франција се на само краток пат со траект или лет.

Ја краси одлична инфраструктура, примамлива архитектура, пријателски жители кои говорат англиски јазик, како и пријатна клима во текот на целата година. Според годинешниот извештај на WorldRiskIndex, после Катар, Малта е на врвот на листата на најбезбедни земји во светот од природни катастрофи. Покрај тоа, цените на Малта, без оглед на бројот на туристи, сè уште се прифатливи.

Forbes за живот ги препорачува Валета, Гозо и Комино.

Португалија

Оваа земја во југозападниот агол на Европа има по нешто за секого. Километри златни песочни плажи, зелени ридови, едни од најдобрите здравствени услуги во светот, ниски трошоци за живот и безбедност.

На списокот на прекрасни градови, заедно со Лисабон и Порто секако се наоѓаат и Обидос, кој е горд на својот замок и sидини, Ламего во срцето на долината Дуоро, крајбрежната Коста Нова, Монсараз и други. Според искуствата на странските граѓани, Португалија го носи златниот медал на списокот на најсрдечни домаќини.

Костарика

Костарика, земја лоцирана помеѓу Никарагва, Панама, Карипско Море и Тихиот Океан, исто така се нарекува Швајцарија на Централна Америка, а според Forbes, таа е на врвот на најпосакуваните земји во 2021 година.

Разумни трошоци за живот, влада што се грижи за своите жители, широк избор на недвижнини, природни убавини и пријателски расположени луѓе се само дел од аргументите што ги цитираат. Според пресметките на Forbes, самец  може да живее удобно за околу 1.615 долари месечно, додека еден пар може да живее со околу 2.000 долари месечно.

Панама

Погледот на океанот, топлото време и содржината на еден голем град, во околина без урагани, е нешто што ќе го добиете доколку одлучите да се преселите во Панама.

Позната по својот познат канал, Панама е една од земјите во Латинска Америка која неуморно се развива.

Главниот град на Панама е еден од најевтините престолнини во светот. Постојат многу хотели, ресторани и клубови, јавниот превоз е невообичаено евтин.

Малезија

Малезија е идеална дестинација за луѓе кои не можат да го поднесат студот – тропската клима е голем плус. Покрај топлината и прифатливите цени, Малезија нуди и прекрасни плажи, острови и џунгли, возбудливи градови и гурманска храна.

Во Малезија, лесно ќе стекнете нови пријатели затоа што англискиот јазик неофицијално е прв јазик.

Апартман со две или три спални соби може да се изнајми за околу 550 до 650 долари месечно. Апартман од 2.300 квадратни метри со три или четири спални соби, три до пет бањи и балкон со поглед кон океанот во модерна висококатница со базен, теретана и 24 часовно обезбедување чини од 750 до 1.000 американски долари месечно.

Еквадор

Еквадор е земја каде просечната годишна температура е околу 20 степени Целзиусови. Со повеќе од 850 километри крајбрежје, не е ни чудо што Еквадор има едни од најубавите плажи на светот.

Едно лице може да живее во Еквадор со1.210 до 1.525 долари месечно, во зависност од локацијата и начинот на живот. Еден пар може да живее со 1.650 до 1.825 долари месечно.

Фото: Pixabay