Претставници на хрватските угостители бараат од први следниот месец да почнат со отворање на угостителските објекти, теретани и спортски клубови, но дали тоа ќе се случи уште не е извесно, пишува Слободна Далмација.
“Она што предлагаме, односно што бараме од владата, е од први февруари да почне со постепено отворање на угостителските објекти, теретани, фитнес центри и спортски настани за деца и возрасни доколку продолжи позитивниот тренд на намалување на бројот на заразени, хоспитализирани и починати“, велат претставниците.
Отворањето секако би подразбирало почитување на сите пропишани епидемиолошки мерки за одржување дистанца и дезинфекција.
Постоечките мерки, поради кои поголем дел од хрватските угостители имаат клуч на врата, се продолжени до крајот на јануари, а се шпекулира дека би можеле да останат на сила до први март или април, односно во што е можно подобра состојба да се отвори летната туристичка сезона.
Фото: Freepik