Забранет увозот на домати од Македонија во Србија?

41

domatiСрбија денес наводно не дозволила увоз на домати од Македонија, јавува B92.

Сепак од српското министерство за земјоделство велат дека не станува збор за конкретни мерки, туку веројатно за одделен случај.

Ваквиот потег на Србија можеше да се насети по најавата на српската влада дека ќе одговори на ограничувањето на извозот на брашно и пченица во Македонија и ќе воведе реципрочни мерки, односно ќе размисли за ограничувања на увоз на македонското вино и домати.

Потпретседателот на српската влада Расим Љајиќ и министерот за земјоделие Горан Кнежевиќ деновиве усогласиле повеќе мерки кои ќе бидат спроведени по одлуката на македонската влада да го ограничи увозот на пченица и брашно од Србија.

Српските пекари и мелничари побараа помош од надлежните, по одлуката на Македонската влада да го услови увозот на брашно и пченица со купување на домашно брашно и пченица.