За третина намален прометот на угостителите и хотелиерите во Германија

58

Угостителите и хотелиерите во Германија минатата година регистрираа намален промет за повеќе од една третина.

“Угостителскиот и хотелиерскиот сектор минатата година забележаа за 39% понизок промет одошто во 2019 година“, соопшти Државниот завод за статистика.

Во декември минатата година, прометот бил помал за 72% во споредба со февруари, последниот месец пред да бидат воведени ограничувањата.

Во рамки на рестриктивните мерки, на хотелиерите и угостителите им беше забрането да работат во текот на пролетниот карантин и од почетокот на ноември повторно.

Прометот до одредена мера се нормализираше во текот на летните месеци, кога рестораните и хотелите добија дозвола да примаат гости со почитување на строги хигиенски услови.

Фото: Pexels