Apple ги отвори сите продавници во САД и акциите пораснаа

62

Технолошкиот гигант Apple, по скоро 12 месеци, конечно ги отвори сите продавници за малопродажба во САД. Ова е пресвртна точка во бизнисот, што влијаеше на растот на акциите на компанијата, заедно со веста дека инвеститорот Ворен Бафет го задржа својот удел од 5,4 % во компанијата.

Акциите на Apple пораснаа повеќе од 5% на берзата, што е најголем скок во последните четири месеци. За потсетување, американската технолошка компанија ги затвори сите свои продавници на 13 март 2020 година, а во Кина затворањето започна еден месец порано, пишува MarketWatch.

Исто така,  објектите на Apple се отворија таму најрано, бидејќи Кина одлично се справи со Ковид-19. Точно 270 продавници на Аpple од вчера повторно работат во САД, клучниот пазар на овој гигант.

Фото: Pixabay