Кинеската корпорација Xiaomi ја доби судската постапка заради ограничувањата што ѝ беа воведени на оваа компанија во САД.
Во последните денови од администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп, Министерството за одбрана ја стави Xiaomi на списокот на компании со наводни врски со кинеската армија, иницирајќи финансиски ограничувања што требаше да стапат на сила оваа недела.
Сепак, американскиот окружен судија Рудолф Контрерас ја прекина забраната во петокот, признавајќи ги ставовите на Xiaomi, кој тврди дека потегот е “произволен и каприциозен“.
Федералниот судија во Вашингтон ги запре намерите на Министерството за одбрана да ги ограничи американските инвестиции во производителот на паметни телефони Xiaomi, пишува Bloomberg.
Контрерас рече дека Xiaomi најверојатно ќе добие целосно укинување на забраната во продолжението на спорот, со цел да се спречи предизвикување на непоправлива штета на компанијата.
Xiaomi е трет по големина производител на паметни телефони во светот. Во третиот квартал го надмина Apple во продажбата на паметни телефони.
Фото: Freepik