За 12,7% раст на станбените кредити во февруари

85

Побарувачката на станбени кредити, во февруари оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемена за 12,7%, покажуваат податоците на Народната банка.

Во февруари, гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, бележат месечен раст за 0,6% и 1,2%, соодветно, при годишен раст од 6% и 12,7%, соодветно.

Кај автомобилските кредити, овој месец, е остварен пад за 3,3% и 13%, на месечно и годишно ниво, соодветно.

Кредитите одобрени на кредитни картички, во февруари, бележат месечен и годишен пад од 2,3% и 9,2%, соодветно, додека негативните салда на тековните сметки се намалени за 1,5% и 9,3% на месечна и годишна основа, соодветно.

Кај кредитите одобрени врз други основи, овој месец, е забележано месечно и годишно намалување од 1,0% и 6,7%, соодветно.

Фото: Pexels