Како автомобилите ги добиваат имињата?

149

Производителите на автомобили обрнуваат големо внимание на изборот на имиња на нивните “миленици“ на четири тркала. При изборот, важно е името да биде лесно, едноставно, оригинално и да може да се запамети.

Некои од најпопуларните модели на германски Volkswagen, Golf и Passat ги добиле имињата по познати ветришта, но новите модели отстапуваат од таа традиција. Touareg го добил името по номадското племе од Сахара, а Tiguan е комбинација од зборовите тигар и легуан што на германски значи игуана.

Шпански Seat имињата на автомобилите ги избира според географски поими во земјата. Ibiza е познат остров што е синоним за забава, а е идеално име за градски модел на автомобил. Toledo, Arona, Altea…, исто така, се географски поими.

Германски Оpel направи паралела и поинаку ги именува новите модели на автомобили. Па така, ги исфрлија моделите на Kadett, Vectra, па на нивно место дојдоа Astra (ѕвезда), Insignia (симбол на латински) и Mokka (вид на кафе).

Skoda својот СУВ модел Kodiaq го добил по вид на мечка од Алјаска, a Karoq своето име го добива како кованица од племенски јазик што значат автомобил и стрела.

Француски Renault има свој начин на којшто ги избира имињата на своите модели, па така Clio е муза и заштитничка на историјата, Megane значи нешто големо, Capture во превод е нешто да се фати…

Фото: Pexels