Акциите на американскиот производител на електрични возила, Tesla забележаа пораст за 8% откако информираа дека имаат рекордна испорака на автомобили во првиот квартал.
Цената на акциите на Tesla достигна 714 долари, раст имаше и кај другите производители на електрични возила, вклучувајќи го и кинески Nio и американски Workhorse, чии акции имаа скок од еден до 4%, пренесува Ројтерс.
Претходно, Tesla објави дека испорачала 184.800 возила ширум светот во текот на првиот квартал од оваа година, додека аналитичарите предвидувале помала количина
Фото: Pexels