Цените на нафтата околу 63 долари

48

Цените на нафтата на меѓународните пазари достигна над 63 долари, а растот најмногу се должи на проценките на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) дека државната поддршка ќе го поттикне економскиот раст оваа година.

На лондонскиот пазар, цената на барел порасна за 56 центи на 63,28 долари. На американскиот пазар со еден барел нафта се тргуваше по цена повисока за 46 центи на 59,79 долари.

Според аналитичарите, оптимизмот поради глобалниот економски раст го подобри расположението на пазарот на сирова нафта.

Американските залихи на сирова нафта минатата недела се намалени за 2,6 милиони барели, но залихите на бензините пораснаа за 4,6 милиони барели.

Фото: Pexels