Цените на храната растат 10 месеци по ред

68

Цените на прехранбените производи на глобалните пазари продолжија да растат во март 10 месеци по ред, а најголем пораст има кај млечните производи, месото и растителните масла, информира Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации.

Индексот на цените на храната на Организацијата, што ги следи месечните промени на петте основни животни намирници: растителни масла, млечни производи, месо, житарки и шеќер, во март достигна 118,5 поени, што е за 2,1% повеќе во однос на февруари и највисоко ниво во однос на јуни 2014 година.

Најголемо поскапување од 3,9% на месечно ниво во март забележаа млечните производи. По раст први се цените на путерот, поттикнати од пониската понуда во Европа, а зголемената побарувачка поради очекуваното закрепнување на прехранбените услуги.

Цените на млекото во право, исто така, пораснаа најмногу поддржани поради растот на увозот од Азија, посебно од Кина, а во исто време пад на производството и недостигот на бродски контејнери во Европа и Северна Америка.

Во март цените на месото се зголемија за 2,3% во однос на февруари, предводени од раст на месото од живина и свинското месо поради зголемениот кинески извоз и продажба на пазарот во Европа пред велигденските празници. Цените на говедското месо останаа стабилни, додека овчото месо поевтини бидејќи фармерите на Нов Зеланд ја зголемија понудата за да ги намалат стадата поради суша што ја зафатија земјата.

Цените на растителните масла во март пораснаа за 0,8% проценти во споредба со февруари, достигнувајќи највисоко ниво во последните 10 години.

Цените на житарките, од друга страна, се намалија за 1,8% на месечно ниво, но и понатаму се за 26,5% повисоко во однос на март 2020 година. Најголем пад имаа извозните цени на пченицата, под влијание на добрите залихи и поволните изгледи за род за оваа година.

Фото: Pixabay