BMW очекува дуплирање на добивката годинава

38

Германскиот производител на автомобили, BMW очекува повеќе од двојно зголемување на добивката оваа во однос на минатата година.

BMW соопшти дека има раст на продажбата на автомобили и спортски теренски возила, вклучувајќи ги брендовите Mini и Rolls Royce, за 33,5% во првиот квартал од оваа година, на 636.606 единици, при што продажбата на електрифицираните модели е повеќе од двојно зголемена, пренесува Forbes.

“Со овие бројки сме на пат да испорачаме повеќе од 100.000 целосно електрифицирани возила оваа година“, се наведува во соопштението на компанијата.

Акциите на BMW по оваа информација забележаа пораст и достигнаа ниво од 88,86 евра, додека во јануари беа на најниско ниво од околу 68 евра.

Фото: Pixabay