Цените на нафтата на меѓународните пазари пораснаа кон 64 долари, поттикнати од надежта дека закрепнува американската економија поради масовната вакцинација, а поддршка дава и напнатоста на Блискиот Исток.
На лондонскиот пазар, цената на барел нафта се зголеми за 86 центи на 63,81 долари, додека на американскиот пазар со барел нафта се тргуваше по 78 центи повисока цена или 60,10 долари.
Трговците на почетокот на неделата се фокусираа на прогнозите за закрепнување на американската економија од рестриктивните мерки што беа воведени поради пандемијата. САД досега вакцинираа над 70 милиони луѓе, но побарувачката за бензин не зајакна онака како што се очекувало.
Фото: Pexels