Во февруари оваа година се издадени 346 одобренија за градење, што е за 39,5% повеќе во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4.586.656.000 денари, што е за 50,4% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 205 (59,2%) се наменети за објекти од високоградба, 31 (9%) за објекти од нискоградба и 110 (31,8%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 346 објекти, на 214 (61,9%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 132 (38,1%) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 907 станови, со вкупна корисна површина од 78.721 метри квадратни.
Фото: Pexels