Вишокот нафта создаден за време на пандемија скоро е потрошен

86

Глобалниот вишок на залихи од нафта создаден во текот на пандемијата е скоро потрошен, анализира Bloomberg.

Според податоците, помалку од една петтина од резервите, што беа насобрани во складиштата поради намалување на потрошувачката предизвикана од пандемијата, останале во складиштата во февруари.

Залихите на сирова нафта доминантно се наоѓаат во Кина, којашто ги сочувала за новата рафинерија на нафта.

Економистите забележуваат дека промените на пазарот на нафта, доведе до зголемување на цената на овој енергенс до 67 долари за барел. На светските пазари, цените на нафтата минатата недела имаа пораст од најмалку 5%, поради добрите резултати поттикнати од закрепнување на големите економии.

Фото: Pixabay