Маск загуби 5,6 милијарди долари, по сообраќајната несреќа со Tesla

95

Акциите на компанијата Tesla на Илон Маск забележаа пад по информацијата дека две лица загинаа во несреќа со електричен автомобил на компанијата во текот на изминатиот викенд, пишува магазинот Forbes.

Тоа го чинеше Маск 5,6 милијарди долари помалку во неговото богатство, кое моментно изнесува 174,1 милијарда долари, според пресметките на Forbes. Главниот извршен директор и коосновач на Tesla е третиот најбогат човек во светот по извршниот директор и основач на Аmazon, Џеф Безос и францускиот бизнисмен Бернар Арно.

Според надлежните, возилото било управувано без возач. Електричниот автомобил патувал со голема брзина пред да излета од патот и да се запали околу 23,25 часот, соопшти полицијата.

Tesla сè уште нема дадено изјава по инцидентот. Компанијата постојано ја рекламираше безбедноста на нејзините автомобили и функцијата автопилот. Непосредно пред несреќата Macĸ, кој е многу активен на Тwitter со околу 52 милиона следбеници, објави информација дека веројатноста Tesla со вклучена функција на автопилот да доживее сообраќајна несреќа е десет пати помала отколку некое друго возило.

Фото: Pixabay