Цените на нафтата под 65 долари за барел

33

Цените на нафтата на меѓународните пазари се намали под 65 долари поради загриженоста од закрепнување на побарувачката, што зависи од неочекуваниот раст на американските залихи и скок на бројот на заразени со коронавирусот во Индија и Јапонија.

На лондонскиот пазар цената на барел се намали за 44 центи на 64,88 долари, а на американскиот пазар се тргуваше по 60,97 долари или 38 центи пониска цена.

Трговците со нафта ги вознемири податокот од американската влада дека залихите на сирова нафта минатата недела пораснаа за 594.000 барели. Аналитичарите очекуваа дека залихите на нафта во САД ќе се намалат за три милиони барели.

На пазарот внимателно се следи состојбата со новозаразени од коронавирус во Индија, којшто е трет најголем потрошувач на нафта во светот, а Јапонија, којашто е следна по потрошувачка на нафта, се спрема за нови рестриктивни мерки.

Фото: Pexels