Во Либан, којшто е зафатен е голема економска криза и чија електромрежа е меѓу најлошите во светот, на јавноста ѝ претстави 100% електричен автомобил произведен во земјата.
“Ова е прв домашен автомобил“, рекол Џихад Мохамед, палестински претприемач роден во Бејрут, којшто стои зад овој проектот.
Автомобилот со футуристички облик под името Quds rise, што е назив за Ерусалим, во целост е либански производ.
Според Мохамед, масовното производство на овој автомобил треба да почне летово.
Откако стекнал богатство во телекомуникацискиот сектор во Канада и градежништво во земјите од Персискиот залив и во Ирак, палестинскиот претприемач одлуки да си ја проба среќата во автомобилската индустрија.
Во Либан, каде што по војната во 1990-тата година скоро секој ден има прекин во снабдувањето со електрична енергија, жителите мора да имаат свои агрегати бидејќи на отстранување на дефектите ќе треба да чекаат и повеќе од 12 часа.
Мохамед планира низ земјата да постави стотина полначи коишто ќе бидат приклучени на приватни агрегати коишто би можеле да користат сончева и енергија од ветер.
Цената на електричниот автомобил е 30.000 долари.
Фото: YouTube screenshot