Бројот на патници на железницата во Австрија минатата година изнесуваше 286,5 милиони, што е за 190 милиони помалку одошто во 2019 година, пренесуваат медиумите.
На врвот од кризата, падот на бројот на работници беше за 90%, а на годишно ниво во просек има 40% помалку патници.
И покрај сите отежнувачки околности предизвикани од пандемијата, австриска железница успеа да ги покрие загубите со промет од 700 милиони евра. Планот е во период од 2021 до 2026 година да се реализира инвестиционен план од 25 милијарди евра, преку изградба на инфраструктура и користење обновливи извори на енергија.
Фото: Pexels