Етереум, втората најголема криптовалута во светот, достигна нова рекордна вредност од 3.456,57 долари, зголемувајќи ја својата цена за околу 360% од почетокот на оваа година, објави CNBC повикувајќи се на најновите податоци на веб страницата CoinDesk.
Интересот за криптовалути забележа огромен пораст во текот на изминатата година, а најмногу се зајакна побарувачката за биткоин, кој постојано ги уриваше сопствените рекорди. Неговиот раст на вредноста се припишува на низа фактори, вклучително и зголемениот интерес од институционални инвеститори и големи компании, како што е Теsla, кои почнаа да го купуваат.
Минатиот месец, Европската инвестициска банка соопшти дека ја издаде својата прва дигитална обврзница за јавно тргување на блокчејн платформата Етереум.
Фото: Pixabay











