Италијанскиот премиер, Марио Драги рекол дека очекува туризмот во неговата земја да почне на средината на мај, во моментот кога земјата ги отвора границите за меѓународни патувања.
Драги рекол дека системот на здравствени пропусници во Европската унија ќе бидат спремни до средината на јуни, поради што патувањето низ Стариот континент ќе биде поедноставно.
“Го чекаме европскиот сертификат… имаме национална зелена пропусница што ќе им овозможи на луѓе да се движат од еден во друг регион и таа ќе биде оперативна до средината на мај, така што не треба да чекаме до средината на јуни за пропусниците од ЕУ“, рекол Драги.
Италија е осма земја во светот по број на заразени со коронавирус, со нешто над четири милиони случаи од почетокот на пандемијата. Земјата според стапката на смртност е на шесто место во светот со над 121.000 смртни случаи.
Фото: Freepik











