Профитот на Volkswagen во првиот квартал од оваа година достигна 3,4 милијарди евра, што се должи на зголемената продажба во Кина, што е најголем пазар на оваа компанија и определбата на купувачите да возат поскапи модели од она што го нуди германскиот производител.
Продажбата на електрични возила на Volkswagen во првите три месеци од оваа година е повеќе од двојно зголемена.
Добивката остварена во првиот квартал е седум пати поголема одошто во истиот период во 2020 година, кога изнесуваше 517 милиони евра, по прогласување на пандемијата, поради што беа затворени повеќе салони и фабрики.
Приходите од продажба на Volkswagen, од јануари до март, пораснаа за 13% на 62,3 милијарди евра, за што во најголема мера заслуга има продажбата во Кина што се зголеми за 61,4%.
Германскиот автомобилски гигант ги зголеми проекциите за профитабилност за оваа година.
Фото: Pixabay