Со автомобил Tesla, патување и 10.000 долари ги враќаат работниците во канцеларија

По спроведувањето на вакцинација во компанијата, американската CoStar ги привлекува вработените назад во канцеларијата со награди, вклучувајќи 10.000 американски долари во готовина, патување до Барбадос со приватен авион и шанса да освојат Тesla автомобил.

Голем број од вработените во компанијата работат од дома една година, па работодавците се обидуваат да ги стимулираат да се вратат во канцеларија. Идејата на CoStar е да ги врати вработените во канцеларија доделувајќи им награди преку организирање на лотарија.

Извршниот директор на компанијата, Ендру Флоренс, вели дека во моментов околу 20% од вработените работат во канцеларија, во споредба со 4% пред почетокот на делењето награди.

“Да, ова се многу пари, но во контекст на компанија вредна неколку милијарди долари со илјадници вработени и стотици канцеларии, тоа не се големи пари“, изјави извршниот директор на групацијата CoStar, Ендру Флоранс. Така додава тој може да се забавувате и да ги стимулирате луѓето да се вратат во канцеларија.

Фото: Pixabay