Макпетрол со добивка од 81,4 милиони денари за три месеци

78

Компанијата Макпетрол првото тримесечје од оваа година го заокружи со добивка од 81.401.000 денари, покажува неревидираниот консолидиран биланс на успех.

Истиот период лани, компанијата прикажа загуба од 28,8 милиони денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 31-ви март оваа година, изнесуваа 3.976.616.000 денари, од коишто на домашен пазар отпаѓаат 3.909.735.000 денари, а остатокот од 66.881.000 денари е остварен на пазари во странство.

Вкупните приходи од продажба на крајот на првото тримесечје лани достигнаа вредност од 4.840.540.000 денари.

Фото: Pixabay