Јапонскиот производител на автомобили, Nissan Motor очекува оваа година да оствари нето загуба од 551 милион долари поради недостиг од чипови и повисоки цени на суровините.
Приходите во фискалната година, што завршува во март 2022-ра година, би требало да пораснат за 15,7%. За оваа фискална година, Nissan прикажа нето загуба и пад на приходите за 20,4%.
“Успешноста на компанијата во текот на целата година е под притисок од глобалната пандемија и тоа предизвика пад на продажбата“, стои во соопштението на јапонскиот автомобилски бренд.
Компанијата и пред пандемијата се соочуваше со проблеми коишто започнаа со апсење на нејзиниот поранешен претседател Карлос Гон во 2018 година. Тој беше обвинет за злоупотреба и фалсификување финансиски документи со чија помош прикажувал пониска плата.
Фото: Pexels