Од грчката туристичка заедница изразуваат “воздржан оптимизам“ во прогнозите за закрепнување на туризмот оваа година и проценуваат дека приходите би можеле да достигнат околу 40% од резултатите постигнати во 2019 година.
Туристичката сезона официјално почнува денеска, а резултатите ќе бидат важни бидејќи туризмот е една петтина од целокупната грчка економија и вработува една петтина од вработените во земјата.
Минатата сезона беше најлоша во последните неколку децении, со само седум милиони гости и четири милијарди евра приходи, во споредба со 33 милиони гости и 18 милијарди евра приходи во 2019 година.
Грчкиот бруто домашен производ минатата година се намали за 8%.
Фото: Freepik











