Недостигот од делови ќе го блокира производството на скоро четири милиони возила

105

Автомобилската индустрија нема да може да го доврши производството на околу 3,9 милиони возила планирани за оваа година, поради недостиг од електрични делови, сметаат експерти од Германија.

Тие 3,9 милиони возила вредат околу 110 милијарди долари, а износот е скоро двојно поголем од проценките во јануари.

Големиот број на непроизведени возила ќе има влијание и врз продажбата на компаниите иако тие ќе ги намалат залихите и со тоа делумно ќе го амортизираат негативниот ефект.

Недостигот од чипови веќе со месеци ја кочи глобалната автомобилска индустрија, бидејќи големите производители во услови на пандемијата се фокусираа на производство на чипови за потрошувачка електроника за да се задоволи големата побарувачка.

Фото: Freepik