Дубаи годинава очекува 5,5 милиони странски туристи

Дубаи очекуваа оваа година да привлече над 5,5 милиони странски туристи, отприлика како и минатата година, проценувајќи дека новите пазари би можел да ја надоместат загубата од гостите од клучни земји во коишто патувањата се забранети.

Проценката за оваа година би била околу една третина од бројките што ги имаше Дубаи во 2019 година.

Гостите од Индија, традиционално најголем пазар, имаат забрана за влез во Обединетите Арапски Емирати поради најновиот бран на зараза.

Велика Британија, којашто е трет најголем пазар за Емиратите во 2019 година, забрани директни летови во оваа земја, наметнувајќи задолжителен хотелски карантин.

Дубаи очекува дека Expo 2020 којшто лани беше одложен поради пандемијата и префрлен за период од октомври до март, ќе привлече многу туристи кои никогаш претходно не биле во земјата. Пред пандемијата, организаторите тврделе дека Expo може да привлече 11 милиони странски посетители, а пандемијата ја усложнува состојбата.

Фото: Freepik