Формула 1 шампионот Нико Розберг е нов бренд амбасадор на Continental

46

Две познати имиња од светот на мобилноста ги здружуваат силите во ново партнерство. Светскиот шампион во Формула 1 за 2016 година и претприемач, Нико Розберг е нов бренд амбасадор на производителот на гуми Continental.

“Нико Розберг и Continental се совршен пар“, вели Филип фон Хиршејт, раководител во одделот за замена на гуми во Continental.

“Нико Розберг постигна огромен успех во мотоспортот, го персонализира елитното ниво на возење и во исто време покажува голема посветеност за заштита на животната средина. Во исто време, Continental е лидер за максимална безбедност и врвни перформанси во секоја ситуација. Ние спроведуваме ригорозна стратегија за одржливост. Освен што сме предводници во развојот на еколошки компатибилни технолошки решенија, поставивме високи цели кога станува збор за неутрализирање на загадувањето и поставување одржливи практики низ целиот систем“, додава Хиршејт.

Од друга страна, Розберг е многу горд на соработката поради тоа што неговите партнери ја ставаат одржливоста, технологијата и безбедноста во преден план.

“Исто како и мене, Continental е силно посветен на овозможување на одржлива мобилност. Развојот и иновативноста во овој сектор се основа на овој сегмент. Се радувам што ќе соработуваме заедно“, вели Розберг.

Добар пример за тоа дека партнерството оди во иста насока е тоа што во април годинава се појавија во пустина во Саудиска Арабија. Во првиот настан од турнирот Extreme, тимот на Розберг извојува победа и тоа благодарение на гумите на Continental, кој е еден од главните спонзори. Целта на овој турнир е теренски трки на оддалечени локации низ светот со специјално развиени електрични автомобили. На тој начин се привлекува поголемо внимание на ефектите од климатските промени и борба против нив преку промоција на проекти што имаат цел да ја заштитат околината.

Инаку, Нико Розберг е еден од најпознатите во меѓународниот мотоспорт. Триесет и петгодишниот Розберг го достигна врвот во успешната кариера како пилот во Формула еден, освојувајќи ја шампионската титула во 2016 година. Потоа се пензионираше и оттогаш се обидува на различни начини да го сврте внимание на светската јавност за климатските промени. Се залага за премин кон одржливи решенија за мобилност и технологии што се погодни за животната средина. Розберг поддржува стартапи што развиваат иновативни производи и услуги, а добитник е на повеќе награди.

Continental развива значителни инвестиции насочени кон производство на гуми на одржлив и еколошки начин до 2040 година.