Што е клучно за да закрепне туризмот?

Закрепнување на европскиот туризам ова лето ќе зависи од успешното воведување на меѓународни потврди за вакцинирање, сметаат експертите.

Според нив, доколку потврдите успешно се воведат, туристичките работници ќе може да се надеваат на добра туристичка сезона иако тоа ќе биде далеку под нивото од 2019 година.

Хотелите работат на подобрување на условите за да може да им се обезбеди поголема безбедност и заштита на туристите од вирусот.

Хотелиерите сметаат дека таквиот тренд ќе продолжи и по пандемијата, без оглед на тоа дали ќе биде ставена под контрола или не.

Фото: Pexels