Над 10.000 работници во Audi со скратено работно време

61

Германскиот производител на автомобили, Audi ќе воведе работа на пола работно време за 10.000 вработени во Германија поради доцнење на испораката на чипови.

Одлуката ќе влијае на работници во главните производни погони на Audi. Тоа ќе значи промена на работното време на лица кои ги произведуваат моделите А3, А4 и А5, а на сила стапува на крајот на овој месец.

Линиите за монтажа на неколку модели ќе запрат следната недела, а производителот уште не донесе одлука за јуни.

Постојаниот недостиг на чипови веќе ги присили да ги откажат смените за работа и да воведат скратено работно време.

Audi не е единствениот производител на автомобили што се бори да ги оствари целите за производство, што тешко ги погоди и неговите конкуренти.

Фото: Pexels