ЕУ извезе 5,2 милиони возила, а увезе три милиони во 2020 година

63

Во текот на минатата година, Европската унија извезе скоро 5,2 милиони автомобили (бензин, дизел, електрични и хибридни автомобили), додека во исто време се увезени три милиони возила.

Автомобилите на бензин се најголемиот дел од извозот и тоа 64%, а по нив се возилата на дизел (22%) и на крајот електрични и хибридни возила (14%).

Кога станува збор за увозот, возила на бензин беа повеќе од половина од вкупно увезените автомобили (53%), по што следат електричните и хибридни возила (30%) и дизел (18%).

Во текот на минатата година, главна дестинација на хибридните и електрични возила извезени од ЕУ се за во САД (по 23%), по што следат Јужна Кореја (15%), Велика Британија (14%), Турција (10%) и Кина (9%).

Фото: Pexels