Не им дозволуваат да ги паркираат Tesla возилата во близина на работното место

108

На некои вработени во кинески владини агенции им е забрането паркирање на нивните електрични возила Tesla на паркинзите пред објектите на институциите поради безбедносни причини поврзани со вградени камери во возилата, пренесува Ројтерс.

Вработени во владини агенции во Пекинг и Шангај добиле усмена наредба да не ги паркираат своите Tesla автомобили на службениот паркинг.

Уште не е јасно за колку автомобили станува збор и дали сите владини агенции во Пекинг го вовеле тоа ограничување.

Во март кинеската војска забрани автомобилите на Tesla да влегуваат во воените објекти, повикувајќи се на безбедносни проблеми поради камерите инсталирани на возилата. Наредбата на кинеската војска ги советува сопствениците на Tesla да ги паркираат возилата надвор од воените комплекси.

Кинеската влада ја ограничува употребата на автомобили од американски компании во војската, бидејќи возилата би можеле да пропуштат информации во врска со националната безбедност.

На почетокот на април од Tesla рекле дека камерите во нивните автомобили не се активирани надвор од Северна Америка.

“Дури и во САД сопствениците на автомобили можат да ги исклучат камерите. Tesla е опремен со мрежен безбедносен систем од светска класа за заштита на приватноста на потрошувачите“, велат од Tesla за кинескиот пазар.

Фото: Pixabay