Ford планира за 10 години 40% од возилата да бидат електрични

42

Американскиот производител на автомобили, Ford предвидува дека електричните возила ќе бидат 40% од неговата вкупна продажба до 2030 година и ги забрзува инвестициите во тој сектор.

Компанијата што во февруари најави дека ќе издвои повеќе од 22 милијарди долари за производство на електрични возила до 2025 година, објави дека ќе го зголеми тој износ на 30 милијарди долари.

Ford, исто така, одлучи да работи на сопствени електрични батерии. Треба да изгради две фабрики во Северна Америка, каде што ќе произведува батерии за околу 600.000 електрични возила до 2025 година.

Големиот конкурент на Ford, General Motors, исто така, во јануари се обврза дека до 2035 година веќе нема да произведува автомобили на дизел и бензин.

Фото: Pexels