Кооперант на Ferrari им забранува на вработените да учествуваат на синдикален состанок

64

Дел од работниците кои работат за познатата фабрика за луксузни автомобили Ferrari во близина на Модена ќе се соочат со остри дисциплински мерки доколку учествуваат на состанокот на синдикатот и во тој случај отсуството од работното место ќе им се смета како неоправдано, пишува весникот Il Fatto Quotidiano.

Работниците, во најголем дел магационери во одделението коешто, во име на фабриката, управува еден кооперант, се обратиле до синдикатот и го тужат работодавачот поради тоа што им се намалени платите, на работното место не се почитуваат мерките против пандемијата, дел од платите ги добиваат “на црно“, компанијата не плаќа данок и не им го признава боледувањето.

На овие обвинувања од дирекцијата на Ferrari стигнало објаснување дека за “работните услови на вработените магационери одговара кооперантот, а не фабриката“, иако, како што потсетува весникот, целата работа оди за Ferrari.

Директорот на кооперантската компанија, Доменико Запиа, ги повикал вработените да ги “пријават оние кои вршат синдикална пропаганда или психо – физички притисок врз вработените“ и ветила дека “таквите ќе бидат соодветно казнети“.

Фото: Pexels