Американската компанија за кондиторски производи, Mondelez се согласи да ја купи грчката компанија Chipita, што е голем производител на кроасани и грицки за околу две милијарди долари (1,6 милијарди евра).
Chipita е еден од најголемите производители на солени и слатки грицки во централна и источна Европа, а со аквизицијата ќе ја унапреди стратегијата на Mondelez да стане глобален лидер во тој пазарен сегмент.
Во портфолиото на Chipita се брендовите: 7Days, Chipicao и Fineti, а минатата година компанијата имала приходи од над пола милијарда долари.
Chipita е основана во Атина, а од 1996-та има погони во: Бугарија, Полска, Романија, Русија и Саудиска Арабија, а од неодамна и во Турција, Малезија, Мексико и Индија. Во истиот период, има отворено свои канцеларии и во Чешка, Германија, Унгарија, Србија, Словачка, Хрватска, Грузија, Велика Британија, Украина, Белорусија… Вработува над 5.800 лица и ги нуди своите производи во 56 земји во светот.
Фото: Chipita