Иако не е ни приближно толку голем како познатиот Централ парк, вреди да се посети Малиот остров (Little island NYC), најновиот парк и атракција во Њујорк.
Отворен покрај западната страна на “Големото јаболко“, Малиот остров лебди на реката Хадсон.
Новиот парк носи во градот нови културни настани, но и фантастично место за уживање во градот, со сета своја убавина. Како што патувањето полека закрепнува, Малиот остров, кој беше отворен на 20 мај, ќе обезбеди нов поглед на градот Њујорк и за редовните посетители и за туристите. Иако се отвори пред само неколку дена, тој веќе стана популарен меѓу њујорчаните.
Мал остров во Њујорк
Малиот остров беше финансиран од милионери – бизнисменот Бери Дилер и познатиот дизајнер Дајан фон Фурстенбург. Тоа е вистински скапоцен камен вреден 260 милиони долари што ги поврзува природата, уметноста и иднината. Лебдечкиот остров има амфитеатар, пешачки патеки, места за продажба на храна и пијалаци… Меѓу другото, тука ќе се одржат бесплатни јавни уметнички претстави.
Објекти и уредување
Сите објекти се наоѓаат меѓу над 350 видови цвеќиња, дрвја и зеленило. Амфитеатарот ќе може да прими 687 посетители, додека на централниот плоштад има места за седење и услуга за храна и пијалаци (The Play Ground). Малиот остров е дизајниран од Томас Хедервик (Heatherwick Studio.
Малиот остров им нуди на посетителите ридови и видиковци кои нудат неверојатен поглед на Њујорк. Во исто време, ова место го покажува најдоброто од природата во една од најурбаните средини во светот, посочува Travel Magazine.
Фото: Instagram