Воведување на бесплатен јавен превоз во Луксембург пред една година не ги промени драстично навиките на граѓаните.
Една година откако стана бесплатен, само двајца од 10 жители редовно одат на работа со јавен превоз, а шест од 10 лица сè уште патуваат со автомобил, покажуваат податоците на државната агенција за статистика.
Со население од само 614.000 жители, Луксембург е една од најмалите земји во Европа и е прва земја во светот каде од 29 февруари 2020 година јавниот превоз е бесплатен за сите.
Една од целите на проектот беше да се зголеми бројот на патници во јавниот превоз за 20% до 2025 година.
Луксембург има огромен сообраќаен проблем. На главните патишта редовно има сообраќаен метеж, а железничката мрежа е позната по доцнењата.
Гужви прават и “бензински туристи“ од соседните земји, кои ја преминуваат границата поради пониските цени на дизелот и бензинот.
Изгубениот приход од билетите, поради бесплатниот јавен превоз, изнесува 41 милион евра, но тоа го надоместуваат даночните обврзници.
Фото: Pixabay