AIK Banka можен купувач на Sberbank во регионот

58

Информациите дека AIK Banka на српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ е можен купувач на бизнисот на руска Sberbank во осум земји во централна Европа, уште не се потврдени, но на големо се зборува за тоа во банкарските кругови, пренесува Seebiz.

Наводно српската финансиска куќа и Sberbank се договориле за условите, но целокупната зделка ќе треба да добие одобрение од Европската централна банка.

Експерти велат дека се испитуваат можностите на AIK Banka да изврши ваква трансакција. Sberbank е значително поголема од AIK Banka којашто управува со имот проценет на нешто помалку од пет милијарди евра, во однос на имот од 12 милијарди евра.

Од централата на Sberbank во Русија на прашањето за преговорите со AIK рекле дека “по правило не коментираат гласини на пазарот“. Од белградската AIK за тамошните медиуми, исто така не дале конкретна информација.

MK Group на Костиќ во овој момент работи во банкарскиот сектор во Србија и Словенија.

AIK не е единствената што е заинтересирана за аквизиција на Sberbank Europe, бидејќи најголемата австриска банка Erste Group неодамна изјавила дека повторно активно бара цели за преземање.

Руската Sberbank планира да ја намали присутноста на европскиот банкарски пазар за една или де години поради влошување на геополитичките услови.

Фото: Facebook