Купувањето стан претставува голем чекор во животот, а со себе повлекува и голем број обврски и работи кои треба добро и внимателно да се размислат, па во согласност со нив да се донесе одлука. Важно е кaкoв стан сакате, на која локација, колкава квадратура, но битно е и со колкав буџет располагате. Кога ќе стигнете до процесот на преговарање и конечно купување стан, треба да обрнете внимание на секој детаљ за вашиот иден дом и можноста за спуштање на цената.
Сопствениците “намерно“ ставаат поголема бројка, затоа што сметаат на купувачот да побара мал попуст, особено ако имотот е во првобитна состојба.
Како прво, треба да се има предвид дека цената најлесно се спушта кај старите станови, без оглед на тоа што конструкцијата од пред 30, 40 години може да биде поквалитетна од некоја нова градба. За да преговарате за цената што е можно подобро пред сè, проверете како се движат просечните цени во соседството.
Сопствениците на станови знаат како да ги преценат своите недвижнини, од друга страна, градежните материјали станаа драстично поскапи, а ако планирате да го реновирате и средувате станот – тоа е дополнителен трошок, но и причина за намалување на цената.
Распрашајте се за бучавата, што велат соседите, прашајте за лифтот. Дали има еден лифт, колку често се расипува … Сето тоа може да влијае на крајната цена.
Пресудна улога може да има типот на греење и трошоци околу зградата / станот, поглед од тераса, паркинг, близина на автобуска постројка, продавници.
Ако има стара и дрвена столарија – најверојатно ќе ја намалите цената на станот.
Можноста за поделба на просторот е важна за многумина, бидејќи семејствата купуваат помали станови поради пониската цена, но им требаат повеќе посебни простории. Ако станот е функционален и прилагодлив – тоа е огромна придобивка, но ако не е – лесно ќе ја спуштите цената.
Терасата (дури и кога е застаклена) не е и не може да биде просторија, пред сè, ја нема истата функција и не е направена од истите материјали како и остатокот од станот. Обрнете внимание на прозорците, колку е осветлен станот, бидејќи ако не е – лесно можете да ја намалите цената.
Фото: Pixabay