Од следната година, работниците во Република Српска ќе можат да одат на боледување поради синдромот “прегорување на работа“, потврдено е од Фондот за здравствено осигурување.
Фондот за здравствено осигурување на Република Српска ќе ја вклучи оваа дијагноза во своите кодови-шифри за болести, следејќи ги светските упатства, бидејќи Светската здравствена организација го вклучи синдромот во својот прирачник за Меѓународната класификација на болести и најави примена следната година.
Од Фондот велат дека заедно со надлежните институции на Република Српска, тие ги следат активностите на Светската здравствена организација и Листата на меѓународна класификација на болести и дека ги вклучуваат сите промени и иновации во нивните акти. Психологот Слаѓана Цвјетковиќ посочи дека постојат јасни дијагностички критериуми за препознавање на овој синдром.
“Луѓето кои се склони кон професионално прегорување не користат боледување, не избегнуваат работа, сè додека едноставно не можат да одат на работа. Мислам дека во интерес на работодавачите е нивните вработени да не прегорат, поради квалитетот и продуктивноста на работата“, вели Цвјетковиќ.