Зголемените цени на криптовалутите помагаат да се формира нова група млади потрошувачи кои сакаат луксузни стоки, уметност и мода.
Овие лица помлади од 35 години се една од причините за зголемената продажба на луксузни стоки, кои веќе се вратија на нивото пред пандемијата, се вели во студија на Jefferies, цитирана од Insider.
Кинеските потрошувачи на луксузни стоки остануваат главен двигател на пазарот. Сепак, изненадувањето доаѓа од населението на САД помладо од 35 години, кое пријавило силни набавки од првиот квартал на годината, според инвестициската банка.
Нивниот извештај се базира на посетителите на 48 луксузни продавници лоцирани во Њујорк и Флорида, каде што посетителите купуваат производи од брендови како Louis Vuitton и Gucci.
Главните причини за зголемената продажба на луксузни стоки се растот на пазарите на капитал и растот на цените на криптовалутите.
Покрај облеката, чантите и додатоците, луксузната потрошувачка вклучува и уметност, накит и друго.
Околу 20-25% од потрошувачката во моментов на 12-месечна основа се должи на лица помлади од 35 години, кои имаат акумулирано богатство на пазарите.
Пазарната вредност на сите криптовалути ја премина границата од 3 трилиони долари во 2021 година, главно поради купувањата од институционални играчи и лансирањето на првиот биткоин ЕТФ. Најпопуларната криптовалута порасна за 63% од почетокот на 2021 година до сегашните речиси 49 илјади долари.
Jefferies смета дека потрошувачката на луксузни стоки во 2021 година се вратила на нивоата од 2019 година, а во 2023 година се очекува да порасне за 45 отсто во споредба со пандемијата.
Инвестициската банка дури ги советуваше инвеститорите да се фокусираат на купување на акциите на LVMH, Kering, Mytheresa и Watches of Switzerland.