Градини на покривите на градските автобуси

86

bus 1По улиците на Жирона, туристичко гратче во близина на Барселона, од неодамна вози автобус со тревник на покривот. Не станува збор уметничко дело ниту рекламна кампања, туку обид да се намали емисијата на јаглерод диоксид во урбаните подрачја.

Проектот под име L’Autocultural е класичен автобус со тенок слој хидропонични компоненти на покривот. Овој слој овозможува раст на садници без да создаваат дополнителна тежина врз автобусот. Растенијата се наводнуваат од водата што ја испушта системот за климатизација или по потреба можат да се залеваат и рачно.

Проектот го осмисли шпанскиот архитект Марк Гранен, кој за својот проект вели дека е обид да се прошират зелените урбани површини за да се зголеми нивото на впивање на CO2, а на јавнниот превоз да му се даде нова, еколошко – туристичка компонента.

bus 2