Србите со високи плати ќе плаќаат повисоки даноци

novac_dinariВо српската влада се подготвува измена на даночните закони со цел помалите намети што ќе ги плаќа стопанството и посиромашниот слој на граѓани, државата да ги надомести со повисоки даноци на плати кои се двојно повисоки од просечните, како и на имотот на оние добростоечките.

Конечниот предлог ќе биде утврден во следните неколку месеци, пишува Блиц.

Премиерот Ивица Дачиќ на новинарско прашање одговори дека е нормално богатите да плаќаат повисоки даноци и истакна дека за тоа се залагал во предизборната кампања, јавува Танјуг.

“Тие што имаат најмногу, треба и да дадат. Тоа е праведно”, изјави Дачиќ.

Во Србија секој трет жител е невработен, а 86.000 вработени имаат плати преку 868 евра, додека 18.000 се со плати преку 1.300 евра. Групата на најбогати сочинува само 1% од вкупната популација.