Најдоцна до утре изутрина Косово ќе ја крене рампата за македонските производи, а се очекува да биде укината и влезната такса за косовските граѓани и возила при влез во Македонија, објавија Косовската радио телевизија и Косовапрес.
Вицепремиерот на Косово Хајредин Кучи денес присуствува во Скопје на средби со македонски владини претставници со цел да се надминат овие несогласувања.
Исто така и македонскиот министер за економија Ваљон Сарачини претходно изјави дека очекува проблемот со Косово да се реши денес.