Хилтон излегува на берза

90

hiltonПо седум години во приватна сопственост, хотелската групација Хилтон повторно излегува на берза. Сопственикот, приватниот фонд Блекстоун (The Blackstone Group), очекува со иницијалната јавна понуда (ИПО) да обезбеди 1,25 милијарди долари. Вкупната вредност на Хилтон по излегувањето на берзата би требало да изнесува околу 30 милијарди долари.

Парите Хилтон планира да ги искористи за покривање на еден дел од долгот кој се искачи на преку 15 милијарди долари.

Според Форбс, во првите шест месеци од оваа година Хилтон имал приходи од 4,64 милијарди долари, што е раст од 2,7% во однос на минатата година, додека полугодишната добивка пораснала за 66% на 189 милиони долари.

Хилтон има 4.041 хотели, ресорти и друг имот. Во овој бренд спаѓаат Hilton Hotels & Resorts, Waldorf Astoria Hotels & Resorts и Hampton Inn.

Инвестициската фирма Блекстоун го купи Хилтон во октомври 2007 година за 20 милијарди долари, што беше најголема аквизиција во тоа време.